Помеѓу 1881 и 1914 година, компанијата доживеа огромна експанзија. Повеќе од 200 Berlitz јазични центри беа отворени ширум светот. Првиот јазичен центар во Европа е отворен во Лајпцигер Штрас 123, Берлин, во 1888 година.
Berlitz постојано привлекува внимание со своите рекламни кампањи, охрабрувајќи ги возрасните и децата да започнат со своето јазично усовршување. Овој постер од Франција датира од далечната 1900 година и сеуште се користи во денешните кампањи со ретро содржина.