|
Berlitz јазични програми за деца и младинци
Учење придружено со забава.
Бидејќи со децата е едноставно и лесно
Изучувањето на странски јазици е најлесно кога ќе се започне уште од најраната возраст. Полни со љубопитност, на децата им е најприродно и најлесно да изучуваат нов јазик. Колку е помала возраста на која детето ќе започне да го изучува јазикот толку се и поголеми можностите да зборува потечно и без примеси на мајчиниот јазик. Нашето искусто ни покажа колку се забавни камповите на Berlitz за младите и колку тие со гордост и самодоверба, низ игра и дружење, го вежбаат новиот јазик.
Низа добри причини за да се запишете во Berlitz:
- Учењето на втор јазик позитивно влијае на развојот на интелектуалниот капацитет
- Го поттикнува интелектуалниот развој
- Ја зголемува и забрзува менталната активност
- Помага при подлабоко и поправилно разбирање на мајчиниот јазик
- Ги поставува темелите за разбирање, изучување и почит кон другите култури
- Овозможува цврста основа на која ќе се темели понатaмошното изучување на јазикот во училиште
- Ги подобрува можностите за во иднина
На кој начин функционираме:
Сите јазични инструктори за Berlitz Kids + Teens програмите се native speaker инструктори, (јазикот на кој предаваат е нивниот мајчин јазик) и имаат искуство во работа со деца. Без разлика на која возраст се вашите деца или колку време имаат на располагање - нашите јазични центри со сигурност ја имаат програмата која ќе одговара на потребите на вашето дете.
|