| |
Историја
Приказната за Berlitz.
Maximilian D. Berlitz
Компанијата која денес го носи името Berlitz International во 1878. година била основана од Maximilian D. Berlitz во Providence, Rhode Island, САД. Maximilian Berlitz пораснал во Schwarzwald во Германија како потомок од семејство на учители и математичари. Во 1872 емигрирал во САД за да подучува грчки, латински и уште 6 европски јазици според строгите традиционални методи "граматика-превод".
Откако изградил успешна кариера како приватен наставник, започнал да работи на колеџот Warner Polytechnic како професор по француски и германски јазик. Неговото име било позначајно од самиот колеџ, затоа Berlitz по кратко време станал негов сопственик, декан, ректор и еден од членовите на Факултетскиот одбор.
Бидејќи му бил потребен асистент за француски јазик, Berlitz вработил млад французин, кој заради молбата за работа која била напишана на беспрекорен француски, му се чинел како најперспективен кандидат. Кога новиот асистент Nicolas Joly стигнал во Providence, го наошол својот работодавец потполно исцрпен, во грозница, од премногу работа. Состојбата уште повеќе му се влошила кога открил дека новиот асистент воопшто не говорел англиски. Во очаен обид да го спаси школото и да го вработи Joly, Berlitz му кажал да ги објаснува предметите со помош на гестикулација и да ги глуми глаголите најдобро што може. Потоа болен, повторно легнал во постела.
Шест недели подоцна Berlitz се враќа во училницата во очекување на гневни ученици, но наместо тоа ги затекнал како на елегантен француски живо комуницирале со својот наставник. Формалноста на традиционалната училница повеќе ја немало. Неговите ученици напредувале многу повеќе отколку што би научиле со Berlitz за истото време.
Berlitz поучен од искуството донесол важна одлука - сфатил дека неговоата одлука која ја донесол на брзина претставува камен темелник за еден потполно нов метод на учење. Ова учење го истиснал крутиот метод на учење. Учениците биле активни и заинтересирани, а со примена на овој нов метод исчезнале многу привидно нерешливи проблеми во учењето на јазици.
Ширење на компанијата и зголемување на понудата .
На преминот на минатиот век, растечката меѓународна трговија и основањето на мултинационални компании обележаа нов период на развој за Berlitz. Во Европа, Јужна Америка и на Далечниот Исток побарувачката за англиски јазик нагло порасна. Англискиот го замени францускиот јазик, кој дотогаш важеше за општоприфатен јазик на деловниот свет.. Истовремено порасна побарувањето за јазична обука и во земјите од англиско говорно подрачје.
Во педесетите години Berlitz го отвори својот прв јужноамерикански центар во Мексико. Наскоро следеше отварање на јазични центри во Бразил, Венецуела, Аргентина, Колумбија и Чиле. Многу брзо во Јужна Америка имаше 50 Berlitz центри. Во 1968 година е отворен центар во Токио, а денес во Азија има 118. Со денешниот број од 212 јазични центри Berlitz ја докажува силната застапеност на европскиот пазар и пазарот на Средниот Исток. Во САД и Канада ги има повеќе од 110, а во целиот свет 550. Но и таа бројка е во постојан пораст.
Промени на потребите на корисниците
Од почетокот Berlitz ги задоволувал потребите на патниците и приватни лица. Во педесетите години на минатиот век потребите на корисниците се промениле. Berlitz се започнал да работи со се поголем број на деловни луѓе, вработени и експерти од техничите струки кои оделе на работа во странство и затоа морале да го владеат странскиот јазик. Големите компании започнале да уплаќаат во Berlitz за голем број од своите вработени и нивните семејства, при што брзината на учење е од голема важност.
За да ги задоволел новонастанатите потреби за интензивни програми, Berlitz го забрзал преминот од вообичаена настава во училница со индивидуална настава или настава со мали групи, и започнал со истражувачка програма за развој на нови интензивни програми.
По неколку години истражување и тестови Berlitz го вовел програмот Total Immersion® и со тоа стекнал углед во академските кругови. Во основа на програмата било ефикасен пренос на јазично знаење на учесникот кој поради заминување во странство морал во најкус рок да го совлада странскиот јазик. За оваа програма биле потребни од една до шест недели учење по осум до дванаесет часа дневно.
Историја на компанијата
По смртта на основачот Maximilian Berlitz 1921. година одговорноста за компанијата ја превземал неговиот зет и косопственик Victor Harrison. По неговата смрт водечкото место го превземал неговиот син Victor Harrison, Jr. Него го наследува Jacques Strumpen-Darrie, кој за време на својата 30-годишна работа со Berlitz во дел од Европа и САД изградил извонредна кариера. Неговиот син Robert го наследил во 1953 и станал претседател на компанијата.
Во 1966 година Berlitz станала ќерка-компанија на Macmillan, Inc., а Robert Strumpen-Darrie останал да биде нејзин претседател до своето пензионирање во 1970 година. Компанијата до крајот на осумдесетите години од минатиот век ја водел Elio Boccitto.
Во 1988 година Macmillan, Inc. ја превземал Maxwell Communication Corporation. Неполна година потоа Berlitz со заслуга на Maxwellov станала јавна компанија.
Berlitz потоа ја презема Fukutake Publishing Co., Ltd, денес позната како Benesse Corporation. Benesse, водечка јапонска издавачка куќа за дописни курсеви на странски јазици и останати видови на учебници, која всушност е и идеален партнер за Berlitz, бидејќи располага со широко искуство во подрачјето на образование, менаџмент, бази на податоци и маркетинг.
Во 2001 година Benesse преземал 100% од акциите, со што Berlitz повторно стана приватна компанија. Здружените ресурси на Berlitz и Benesse на компанијата и обезбедија видно место на светскиот пазар во јазична настава.
|
|