|
 |
|
| |
Berlitz јазичен тест
Проверете го Вашето знаење со Berlitz on-line јазичен тест. Услугата е бесплатна.
|
 |
|
|
|
 |
|
|
|
| |
Обука за компании
Знаењето спречува појава
на претпоставки
Работното време на Вашите вработени е клуч за
постигнување на успех. За да се достигне ниво на
продуктивност потребна е ефикасно користење на секоја
минута во текот на работниот ден. Токму затоа Berlitz
има посветено многу внимание на создавање програма која
ги следи Вашите потреби и цели за изучување на јазикот
со што комплетно ја покрива Вашата инвестиција. На
самиот почеток од програмата нашите стручни консултанти
ќе Ве запознаат со основните појдовни точки за ефикасно
изучување на јазикот вклучувајќи
ги сите Ваши очекувања од нашата програма, најефикасниот
начин за исполнување на истите и како да искористите
најмногу од Вашата инвестиција.
Постигнување на најдобри резултати за само неколку часа,
поволни цени и највисоко ниво на изведување на наставата
– ова се трите основни критериуми за постигнување на
резултати и со тоа максимално надоместување на времето
поминато со нашиот тим.
Според нашето искуство во областа на јазичните курсеви и
работа со повеќе од 300 000 возрасни лица секоја година
би сакале да го насочиме Вашето внимание кон основните
фактори за постигнување на успех:
Време
• Детално разработен план за времетраењето на јазичната
настава
и за датумот кога би требало истиот да биде завршен.
• Локацијата за изведувањето на наставата е по Ваш
избор. Може да биде во Јазичниот Центар Berlitz или
директно во просториите на Вашата фирма.
• Резултати
• Berlitz е целосно посветен на своите клиенти и
располага со
прецизно одредени концепти за исполнување на нивните
очекувања.
• Имаме прецизно одредени цели и детално разработена
содржина на
наставната програма.
• Во секој момент нудиме детален извештај за напредокот
на нашите слушатели низ програмите на Berlitz.
• Нудиме тестирања по завршување на курсевите кои се
доказ за стекнатото знаење и постигнатите успеси.
• Даваме препораки за понатамошно следење на некој од
нашите курсеви на друго ниво.
Цена
• Нудиме посебни услови на плаќање и истите се
предвидени во договорите кои ги склучувате со Berlitz.
• Нудиме можности за целосна флексибилност на нашите
курсеви со поволни цени.
• Нудиме совршен баланс помеѓу цената и терминот за
следење на нашите курсеви што сами го избирате.
Berlitz има јасна визија за програмите кои ги нудиме на
Вашата компанија - да го подобри јазичното изразување и
комуникативноста на Вашите вработени и со тоа да ги
оспособи за професионална соработка со клиенти насекаде
низ светот. Без сомнение, колку повеќе Вашите вработени
имаат доверба во своите јазични познавања, толку повеќе
ќе имате успеси со Вашата
компанија насекаде низ светот.
Секоја компанија располага со свои индивидуални потреби
за следење на јазична настава во зависност од неколку
фактори. Некои од нив се следните:
• Големина и структура на компанијата, дејност со која
се занимава и област на дејствување (локално или
меѓународно).
• Различни побарувања за следење на јазична настава од
страна на повеќе оддели од компанијата вклучувајќи
и патување и преселување како дел од работата.
• Вашите вработени може да имаат различни претходни
знаења
од областа на читањето, пишувањето, слушањето и
зборувањето на јазикот со кој би сакале да продолжат со
изучување.
Веднаш откако ќе добиеме детални информации за профилот
на Вашата компанија, Вашите вработени и ниво на
претходно познавање на јазикот за кој сте заинтересирани
да го изучувате ќе започнеме со
изработка на наставна програма која ќе ги има во предвид
сите Ваши работни обврски и барања. Со ваква прецизна
изработка на концепти за изучување на јазикот заеднички
ќе најдеме одговор на следните
прашања:
• Кон кои способности треба да се насочиме со цел
подобрување
на вашето јазично изразување?
Пасивните (читање/слушање) или активните способности
(пишување/зборување)?
• За каква цел им е потребно јазичното познавање на
Вашите вработени? Телефонски разговори или презентации?
Сеопфатна кореспонденција или термини од областа на
економијата?
• Дали на Вашите вработени им е потребен професионален
фонд на зборови или жаргон? Дали имате желба за
изучување на правни термини или
термини од областа на маркетингот?
• Кое јазично ниво Ви е потребно? Формални или
неформални разговори? Професионални разговори или
едноставно разбирање на наредби дадени од Вашите
претпоставени?
• Какви се јазичните познавања на Вашите вработени во
моментот? Дали имаат некое основно јазично познавање?
Дали би биле во состојба да разговараат на посериозни
теми кои бараат повисок степен на познавање на јазикот?
• Какво е нивното познавање околу разликите помеѓу
припадниците на повеќе култури? Со која култура и
припадници на истата е потребно да комуницираат?
Насочете го Вашето внимание кон подобрување на оние
јазични способности кои се релевантни за успешно
функционирање на Вашата фирма.
Правилната стратегија спречува било каков случаен
избор!
|
|
|
|
|
| |
|
|
|
|
|