|
Програми за компании
Including training consulting
Како што знаете, деловниот свет се повеќе се глобализира и само оние кои успеваат да го совладат јазикот на нивните деловни партнери и ја разбираат нивната култура постигнуваат вистински успех во своето поле на работа. Berlitz и нуди на Вашата компанија посебни услуги, единственото што треба да го направите е да ни кажете кои јазични цели Вие и Вашите вработени сакате да ги постигнете. Ние ќе се погрижиме за преостанатото: комплетно, ефикасно и успешно.
Анализа за потребите на клиентите
Анализата на личните потреби на клиентот најпрво ќе биде изведена од страна на нашите компаниски советници. Јазичните цели, содржината на наставата и буџетот подоцна ќе се базираат токму на нив.
Проценка
Откако ќе бидат дефинирани Вашите цели, специјално обучен тим во нашиот Berlitz центар ќе се грижи за Вашите вработени, проценувајќи ги, за да може да ги смести во соодветното Berlitz ниво. Усниот тест за проценка ќе ги одреди аспектите како што се речник, течност на говорење, изразување и граматика. Пишаните и on-line тестирањата се исто така достапни по барање на клиентот.
Креирање на концепт
Користејќи ја анализата на потребите, ке подготвиме детален концепт на наставата со детални информации, вклучувајќи ги почетното ниво, досег на наставата, фреквенцијата, содржина на тренингот и јазичните цели.
Вклучување на специјализирана терминологија
Секоја компанија има своја посебна специјализирана терминологија. Ова секако, по Ваша желба ќе биде вклучено во целата настава.
Апсолутна транспарентност
Ќе Ви биде овозможена целосна транспарентност во поглед на сите програми кои се предмет на изучување и на трошоците. Во склоп на оваа понуда по ваше барање се овозможуваат континуирани извештаи за присуството на Вашите вработени и завршна евалуација за секој од членовите по завршување на наставната единица.
Проверка на процесот на учење
На нашите клиенти им е дадена можноста да проверат што научиле со помош на Berlitz програмите, за таа цел ние им нудиме јазичен тест на крајот на секоја програма. На Ваше барање Ви ги нудиме и некои од позначајните тестови на интернационално ново за проверка на јазичното знаење како што се TOEFL, TOEIC и сл.
Впечатоци
Секој клиент ја има можноста да го искаже својот впечаток на крајот на секоја наставна едниница. Содржината на feedback формуларот на ваше барање може да биде прилагодена на потребите на Вашата компанија.
Сертификат
На крајот на секоја Berlitz програма секој учесник добива сертификат во кој е наведен јазикот, нивото и програмата според која била одржувана наставата, оценките и неговите вербални достигнувања за времетраењето на програмата.
Контактирајте го Вашиот локален Berlitz јазичен центар.
|