| |
Berlitz виртуелна училница- интензивна групна настава
Групна настава во on-line услови, користејќи Интернет. Забавувајте се додека учите заедно и постигнете брз напредок.
Виртуелната групна настава Ви овозможува учење во група составена од 3-5 учесници. Заедно стремејќи се кон иста јазична цел, изучувањето на нов јазик е забавно и мотивирачки. На тој начин Вие сте способни брзо, компетентно и без напор да комуницирате. Постапката за да бидете дел од Berlitz виртуелна училница- интензивна групна настава е едноставна- приклучете на Интернет, логирајте се на веб страната на Berlitz виртуелната училница во однапред договореното време и можете да започнете со часовите.
Berlitz виртуелната училница ви нуди:
- придружни материјали за програмата, книги или аудио ЦД-а
- гратис воведен модул кој овозможува оптимална подготовка за виртуелната настава
- дефинирана програма, проверка на напредокот и завршни тестови за успехот кој Вие може да го оцените
- можност за снимање, со што лекциите можат да бидат повторени во секое време
- континуиран повратен одговор и навремени извештаи во насока на подобрување на систематичноста
Вашите придобивки:
- заштеда на време
- флексибилност
- заштеда на пари
Гратис консултации:
Со задоволство ќе одговориме на сите Вашите прашања, ќе ви биде понудена и можноста за лични консултации. Во склоп на оваа програма добивате гратис воведен модул, со чија помош вие ќе можете да се запознаете со начинот на кој функционира Виртуелната училница. Исто така ќе добиете и бесплатен тест за проверка на Вашите моментални познавања на јазикот. |