Share on Facebook
http://www.berlitz.com.mk  
Learning Language Berlitz Company Kids + Teens Els Program Language High School nguage High School
 
 
  Историја  
  Berlitz Method®  
  Опис на Berlitz нивоата  

 

 
The Berlitz Method®

The Berlitz Method® - immersed from the very beginning

Сите наши клиенти,насекаде во светот се воодушевени од Berlitz Method®. Без разлика дали за бизнис причини или заради лично задоволство, активното изучување нови јазици по Berlitz Method® се одвива со уживање а резултира со одличен успех.

 

Сите наши програми се базираат на следните клучни елементи на Berlitz Method®-от:


Нашите клиенти се на прво место

 

Правиме детални анализи за Вашите потреби, Вашите цели, на кои елементи сакате да посветите повеќе внимание и кои атрибути сакате да ги надоградите. Од горенаведеното можете да забележите дека часовите во Berlitz се прилагодени на Вашите лични цели.

 

Зборувајте и размислувајте на јазикот кој го изучувате уште од самиот почеток
Со постојаната употреба на јазикот кој го изучувате и интеракција со native speaker инструкторите и Вашите соученици на часовите, Вие ќе бидете целосно опкружени со новиот јазик. Со тоа ќе ја имате можноста што побрзо да го научите новиот јазик.

 

Голем дел од часовите е посветен на конверзација

 

Дијалогот е во срцето на Berlitz методите за предавање. Ова е единствената техника на учење која Ви гарантира дека ќе бидете способни да комуницирате на новиот јазик брзо,јасно и без грешки..

 

Предавање со јасно одредени цели

 

Со цел да постигнете баланс помеѓу течно и правилно изразување, ние Ви ја даваме можноста да го вежбате јазикот слободно. Притоа тука се нашите инструктори кои Ви ги одредуваат насоките и Ви даваат совети како да се подобрите и да се здобиете со самодовербата која Ви е потребна за да се изразите.

 

Интуитивно изучување на граматиката

 

Граматиката е врската помеѓу течно и точно зборување. Во Berlitz ве учиме како да зборувате граматички коректно и тоа го правиме во текот на конверзацијата која се одвива на часовите, наместо на стереотипен начин да Ви ги предаваме граматичките правила.

 

Соодветен вид на едукација

 

Употребувајќи практично ориентирани методи, нашите инструктори работат заедно со Вас во текот на часовите со цел да откријат на кој начин преферирате да ја совладувате материјата и кој метод е најсоодветен за најефективно да ја совладате. На тој начин Вашата лична стратегија на учење станува составен дел од часовите. Изборот на тренинг материјалите е исто така базиран на Вашите потреби.

Вие сте тие кои го диктираат темпото додека нашите инструктори се прилагодуваат на вас. Со ова е гарантиран брз прогрес и високо ниво на мотивација. Десетте нивоа на Berlitz Ви ги поставуваат оптималните темели за длабинско изучување на одбраниот јазик.


 
     
 
Berlitz
Во повеќе од 60 земји ширум светот.