| |
Опис на Berlitz нивоата
Потполн опис на Berlitz степените.
FUNCTIONAL
Berlitz ниво 1
На ова јазично ниво Вашето знаење од областа на јазикот е ограничено за комуницирање единствено со помош на повторување. Располагате со минимален фонд на зборови што можете да го искористите единствено кога се претставувате, при средби со други лица и при размена на неколку основни информации за време на разговорот. Успешно се справувате со датуми и броеви, знаете да пополните формулар за Вашите генералии, да прашате за локацијата на некое место или да дадете упатства на друго лице, како и да направите нарачка во ресторан.
Berlitz ниво 2
Имате основни познавања од јазикот со кои може да комуницирате ограничено при едноставни јавни и деловни ситуации. Можете да разберете и пренесете пораки со едноставна содржина, да се справите со прецизни информации како и да разговарате со применување на барем една форма од сегашно, минато или идно време на јазикот. Со користење на некои едноставни изрази и реченици можете да опишете некое лице, да ги опишете Вашите дневни активности и работи кои сакате да ги правите. Можете да побарате информации од областа на секојдневните ситуации како на пример кога разговарате по телефон, кога пазарувате или организирате туристички аранжмани.
INTERMEDIATE
Berlitz ниво 3
На ова јазично ниво можете да разговарате од областа на теми за кои имате некакви познавања без разлика дали истите се поврзани со неформални или деловни ситуации. Располагате со јазични знаења за започнување, следење или завршување на разговор, ни и покрај тоа може да се случи да направите грешки. Со фондот на зборови со кој располагате можете да учествувате во групни дискусии. Да давате инструкции, да опишете некоја едноставна ситуација. Можете да им дадете инструкции и објаснувања за работата на посетителите во Вашата компанија или да одговорите на нивните прашања за текот на проектот. Можете да одговорите на некоја покана, да изразите честитки за нечиј постигнат успех, да го искажете своето согласување/несогласување околу некое прашање или да се пожалите.
Berlitz ниво 4
Со своите јазични познавања можете да разговарате со други лица на теми кои Ви се познати и разговорот можете да го проширите на општи теми. Можете да побарате и дадете опис на различни производи, да разговарате околу наведените услови во договорот за работа, да воспоставите професионални контакти, да се снајдете во некои формални процедури (визи, царина), да давате совети и предлози во врска со здравствени проблеми и безбедносни прашања.
UPPER INTERMEDIATE
Berlitz ниво 5
Располагате со фонд на зборови со кој може да разговарате на различни теми со примена на повеќе стратегии иако ограничениот фонд на зборови сеуште може да Ве доведе до непријатни ситуации. Можете да давате подетални описи за некои предмети, да раскажете за некој настан, да побарате и дадете објаснување за секојдневните прашања на работното место. Со фондот на зборови со кој располагате на ова ниво се чувствувате сигурни активно да учествувате во деловни средби и состаноци па дури и да го прекинете состанокот со цел да го искажете своето мислење или идеја. Исто така можете и да дискутирате околу квалитетот на некој производ или некоја услуга и да ги искажете своите размислувања околу истите. Можно е и употреба на некој посложен израз со користење на соодветни глаголски конструкции.
Berlitz ниво 6
Ова напредно ниво Ви овозможува успешно комуницирање во текот на професионалните и неформалните средби со примена на различни начини за формулирање на она што сакате да го кажете. Успешно се справувате дури и во посложени ситуации. Можете да комуницирате со лица кој зборуваат на својот мајчин јазик до степен да го разберете поголемиот дел од разговорот иако при тоа може да побарате и неколку дополнителни објаснувања. Можете да се справите и со посложени ситуации како разговор со адвокат, сметководител или друго професионално лице, водење дискусија околу некој проект и искажување на свои ставови и идеи.
Вие имате јазично познавање за да учествувате во подолги телефонски разговори, да организирате туристички аранжмани или да се справите со неочекувани ситуации.
ADVANCED
Berlitz ниво 7
На ова ниво можете да го искажете Вашето мислење и детално да ги образложите Вашите ставови и предлози за време на разговорот со употреба на посложен фонд на зборови. Можете да го разберете значењето на идиомските изрази употребени на мајчиниот јазик. Успешно се справувате во ситуации како што се канцелариско работење, изразување на несогласување околу одредено прашање, водење деловни состаноци, за кои е потребен соодветен фонд на зборови. Ова ниво е неопходно за клиенти кои се подготвуваат за академски студии на избраниот јазик.
Berlitz ниво 8
Комуницирате ефикасно и на соодветен начин во текот на ситуации и при извршување на задачи кои бараат повисок степен на јазична подготовка како на пример водење на состанок. Не наидувате на потешкотии при водење на разговори од повеќе области по телефон како и при следење на професионални состаноци. Можете да дискутирате со бизнисмени, да подготвите професионално излагање при одржување на деловни состаноци како и презентација за продажба на некој производ. Вашиот фонд на зборови е голем и разновиден, без тешкотии ги изразувате вашите ставови и идеи.
Го разбирате значењето на некои посложени изрази како на пример говори за време на состаноци од страна на одговорните лица во Вашата компанија или презентации.
PROFESSIONAL
Berlitz ниво 9
На ова јазично ниво можете да комуницирате со поголем број на соговорници употребувајќи голем избор на познати но и нови теми. Иако можеби Ви е потребно понатамошно збогатување на фондот на зборови засега имате доволно познавање од јазикот за да покажете самодоверба во и да бидете ефикасни за време на деловните состаноци. Вие сте способни да ги искажете Вашите мислења и идеи и истите да ги образложите додека сте во друштво на повеќе лица, да ги организирате работните обврски преку телефон, да давате јасни и прецизни описи, да вршите презентации, да употребувате соодветни изрази кога дискутирате на посложени теми.
Berlitz ниво 10
На ова јазично ниво располагате со широк фонд на зборови кој Ви овозможува да ги употребите речиси сите јазични структури во текот на комуницирањето. Вашето изразување е течно, соодветно и добро организирано, немате потешкотии да ги искажете Вашите идеи во усна комуникација. На ова ниво располагате со одлична јазична способност која е многу блиску до способноста на едуцираните лица или на оние кои говорат на мајчин јазик. На ова јазично ниво веќе располагате со одлични аналитички способности кои Ви овозможуваат да навлезете во суштината на културата на општеството во кое се зборува јазикот. Комуницирате на природен и ефикасен начин на изразување во формални и неформални разговори кои се водат на различни теми, како што се јавни, интелектуални, професионални и апстрактни. Со ваквиот широк фонд на зборови имате можност да ги искажете своите размислувања во детали, да ги искажете своите предпоставки околу конкретни и апстрактни теми како и да ги браните своите ставови околу контраверзни теми. Можете да подготвувате и извештаи со сериозна содржина од области поврзани со Вашата професионална дејност.
|
|